11 јуни, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОХакан Чалханоглу се сели во Милан

Хакан Чалханоглу се сели во Милан

Хакан Чалханоглу е шестoто засилување за Милан од почетокот на преодниот рок. Турскиот репрезентативец на „Сан Сиро“ пристигна од Баер Лверкузен за сума од 24 милиони евра.

Хакан Чалханоглу со Милан потпиша петгодишен договор, а по сезона ќе заработува 2,5 милиони евра.

Турскиот репрезентативец има 23 години, а во кариерата има играно за Карлсруе и ХСВ. Тој мина три сезони во Баер Леверкузен, одигра 115 натпревари и постигна 28 голови.

Милан пред Чалханоглу потпиша договори со Матео Мусакио, Франк Кеси, Андре Силва, Рикадо Родригез и Фабио Борини, а наскоро се очекува да потпише и со Андреа Конти од Аталанта.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП