3 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОЗапочнува 131-то издание на Вимблдон

Започнува 131-то издание на Вимблдон

На терените на „Ол Ингланд клаб“, денеска, ќе почне 131. издание на најпрестижниот турнир во тенискиот свет, Вимблдон.

Во пресрет на првите настапи се чини дека овој турнир може да биде најнеизвесниот во изминатата деценија бидејќи нема изразит фаворит.

Енди Мареј е светски број 1 и прв носител на Вилблдон, тој ја брани титулата, но оваа сезона е без конкретен резултат.

Роџер Федерер во првите три месеци доминираше на турнирите на кои настапи, но реши да ја пропушти сезоната на земјeна подлога, каде блескаше Рафа Надал, но тревата не е подлога која му е омилена на Шпанецот. Новак Ѓоковиќ, иако во неделата го освои турнирот во Истборн, е целосна енигма за сите.

Она што е интересно во зависност од резултатите, Мареј може да остане прв и по Вимблдон, но постои можност кој било од тројцата кои се зад него да се искачи на врвот на АТП листата.

Мареј го брани трофејот и се наоѓа во најнеповолна позиција има 2.105 бодови повеќе од Надал, кој минатата сезона не играше поради повреда.

Мал број поени сезонава бранат Стан Вавринка и Новак Ѓоковиќ, Швајцарецот лани беше елиминиран во второто, а Србинот во третото коло.

Доколку конкурентите испаднат во раната фаза, а некој од спомнатите тројца (Надал, Вавринка, Ѓоковиќ) го освои турнирот, тогаш тој ќе биде новиот број 1.

До првата позиција на АТП листата не може само Роџер Федерер, но тој има поинаква мотивација, доколку победи, ќе стане најтрофениот шампион на Вимблдон.

АТП листа:
1. Мареј 9.390 бодови
2. Надал 7.285
3. Вавринка 6.175
4. Ѓоковиќ 6.055
5. Федерер 5.265.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП