„Microsoft“ се подготвува да отпушти вработени низ целиот свет, за да ја реорганизира својата продажба.
Извор запознаен со планираните отпуштања, изјави за „TechCrunch“ дека американската компанија ќе ослободи „илјадници“ вработени низ целиот свет. Во реструктуирањето се предвидува организациско спојување кое го вклучува делот за корпоративни клиенти и едно или повеќе од единиците насочени кон малите и средните претпријатија. Промените ќе бидат објавени во текот на оваа недела.
Во текот на викендот „Puget Sound Business Journal“, „Bloomberg“ и „The Seattle Times“ соопштија за „големите“ кратенки во екипите на „Microsoft“ по продажба ширум светот, поврзани со зголемувањето на акцент врз облачните услуги. „Bloomberg“ пренесува дека отпуштањата ќе бидат „едни од најзначајните во секторот на продажбата во текот на годините“.
Реорганизацијата изгледа е резултат на промената во раководството во текот на изминатата година. Извршните директори Џусон Алтхоф и Жан-Филип Куртуа ја презедоа одговорноста за одделенијата за продажба и маркетинг на „Microsoft“ по заминувањето на долгогодишниот оперативен директор Кевин Тарнер во минатото лето. Алтхоф порано јавно ги критикуваше претходните пристапи во продажба и изјави дека е подготвен да го претвори „Azure“ во централниот дел од фокусот на компанијата.
Во секој случај времето е добро за промена во историски аспект. Крајот на фискалната година на „Microsoft“ обично паѓа во јули, а во последниве години тоа е времето кога компанијата најавува намалување на бројот на вработени.
Во минатата година Microsoft најави дека ќе скрати 2.850 работни места – вклучувајќи барем 900 во продажба, а два месеци порано изјави дека ќе отпушти 1.850 вработени, поврзани со бизнисот со смартфони. Во јули 2015-та година таа скарати 7.800 работни места и отпишувањето на 7,6 милијарди долари од купувањето на „Nokia“.