Ако може да им се верува на француските медиуми, Алесандре Лаказет(26) е нов фудбалер на Арсенал.
Според пишувањето на „Телефут“, Арсенал на Лион ќе му плати 53 милиони евра, што е апсолутен клупски рекорд. Засега рекордот го држи Месут Озил, кого Венгер го плати 48 милиони.
Менаџерот на Арсенал долго време бараше засилување и решение за нападот, бидејќи ова лето ќе остане без Алексис Санчез и Иливие Жиру. Го одбиле неколку фудбалери, но Лион сепак ја прифатил неговата понуда, а Лаказет условите.
Одличниот француски репрезентативец во 275 натпревари за Лион постигнал 129 голови, а минатата сезона дал 37 во 45 настапа. Лаказет целата кариера ја мина во Лион, а со Арсенал би требало да потпише петгодишен договор за плата која не е соопштена.