2 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОПетар Заборски „златен“ на Светскиот куп во Умаг

Петар Заборски „златен“ на Светскиот куп во Умаг

Петар Заборски од Карате клубот Макпетрол, за Македонија го освои златниот медал на Светскиот куп за младинци во Умаг, Хрватска.

Тој во категорија на помлади сениори или (У-21), во тежинската категоријата до 75 килограми, по победата во финалето со 4-2 над Италијанецот Лоренцо Пијетромарчи се закити со златниот медал.

Заборски до финалето забележа четири победи и тоа против Никлас Веимер од Шведска 4-0, Марк Саликру од Шпанија 5-0, Патрик Ривест Николас од Канада 8-0 и во полуфиналето Камил Салаев од Русија 3-2.

Според она што го најави ВКФ, место за младинските Олимписки игри во Буенос Аирес-Аргентина во 2018 година обезбедува секој што ќе освои медал, така што Петар Заборски си ја доби олимписката виза.

Во Умаг учествуваа 2000 каратисти од 70 држави.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП