3 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОГерманија го победи Чиле и го освои Купот на Конфедерации

Германија го победи Чиле и го освои Купот на Конфедерации

Светскиот првак Германија го освои Купот на Конфедерации, откако во финалето го совлада Чиле со 1:0 (1:0) и уште еднаш покажа зошто е најдобра во светот.

Германскиот селектор Јоаким Лев, на Купот на Конфедерациите, дојде со изменет состав, реши да им даде одмор на најголемите ѕвезди, но тоа не му пречеше на германската репрезентација да го освои пехарот.

Чиле во финалето беше подобар противник, упати повеќе удари кон голот на Тер Штеген, но ниту еден од нив не ја погоди целта.

Германија единствениот гол го постигна преку Штиндл. На голот му претходеше катастрофалната грешка на чилеанскиот дефанзивец Дијаз, на кого Вернер му ја одзеде топката, а потоа го проигра Штиндл кој лесно реализираше во 20.минута за 1:0.

На крајот ФИФА ги подели и индивидуалните награди, најдобар голман е Клаудио Браво (Чиле), најдобар стрелец е Германецот Тимо Вернер, а неговиот соиграч Јулијан Дракслер ја доби наградата за најдобар играч.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП