19 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗНајмоќното Porsche 911 во историјата (фото+видео)

Најмоќното Porsche 911 во историјата (фото+видео)

Компанијата „Porsche“ го претстави најмоќниот и најекстремниот „911“ во својата историја. Премиерата на новата генерација на „GT2 RS“ се одржа за време на Фестивалот на брзината во Гудвуд.

Суперавтомобилот со заден пренос е опремен со 3,8-литарски битурбо мотор со 6 цилиндри, кој развива 700 КС. Тој е комбиниран со 7-степен автоматски менувач со двојно квачило. Агрегатот е изграден врз основа на моторот на верзијата „Turbo S“ со 580 КС, но има различни турбини, модернизираниот систем за ладење и титаниумскиот издувен систем.

Додаден е и систем за вбризгување на вода во колекторот која ја зголемува моќноста, го подобрува процесот на согорување и ја намалува температурата. За него е предвиден посебен 5-литарски резервоар, поставен во багажникот (напред).

Забрзувањето од 0 до 100 км/ч кај автомобилот трае 2,8 секунди, што е за 0,1 секунди побрзо од „Turbo S“. Максималната брзина е 340 км/ч. Тежината на автомобилот е 1470 кг., а тоа се должи на фактот дека предните крила, капакот на багажникот, решетките на отворите за вентилација и задните за воздух се од карбон.

Предложениот како опција пакет „Weissach“ ја намалува тежината со уште 30 кг. Тој вклучува покрив од карбон, преработена суспензија, тркала од магнети и специјално изработен каркас за безбедност во кабината, кој е поставен на местото на задните седишта. Неговата цена е над 30.000 американски долари.

Моделот доби тркачка суспензија, завидни задни тркала, карбон-керамички сопирачки (уште во основната верзија), диференцијал со 100 процентна блокатор, наштиман систем за стабилизација со спортски режим, 20-инчни предни и 21-инчни задни фелни (гумите се со големина соодветно 265/35 и 325/30).

Купувачите на автомобилот ќе можат да си нарачаат и ексклузивен часовник со механизам кој е развиен за прв пат целосно од делот „Porsche Design“, а цената му е 9.450 евра.

Цените на новото „Porsche 911 GT2 RS“ стартуваат од 285.220 евра, а се претпоставува дека ќе бидат произведени не повеќе од 1.000 примероци. Во компанијата веруваат дека машината ќе може да ја помине патеката „Нирбургринг“ за помалку од 7 минути. Претходникот на моделот запиша 7 минути и 18 секунди.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП