3 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНО„Старата Дама“ го посакува Данило во своите редови

„Старата Дама“ го посакува Данило во своите редови

Јувентус е во потрага по нов десен бек откако Дани Алвеш го раскина договорот. Алвеш сака да игра за Пеп Гвардиола, тренерот што го водеше во Барселона и веројатно ќе потпише за Манчестер Сити.

Заминувањето на Алвеш го остава Јувентус во незавидна ситуација, па италијанските медиуми пишуваат дека Јувентус тргнал по Данило, бекот на Реал Mадрид кој кај Зинедин Зидан не доби вистинска шанса.

Дваесет и петгодишниот бразилски бек стигна во 2015 година од Порто како големо засилување – Реал го плати 31,5 милиони евра, со што Данило во тој момент беше четвртиот најскап бек на сите времиња.

Но во дресот на Реал не ги оправда очекувањата. Во првата сезона одигра 24 натпревари во првенството, а во втората 17. Неговото место го зазема Дани Карвахал, кој доби многу повеќе минутажа од Зидан.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП