23 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОДеулофеу се враќа на Камп Ноу

Деулофеу се враќа на Камп Ноу

Шпанскиот фудбалски вицешампион Барселона го доведе во петок од Евертон младиот шпански репрезентативец Џерард Деулофеу, кој стана првото засилување на Каталонците ова лето.

Иако Барселона не открива колку платила за 21-годишниот крилен напаѓач, шпанските весници „Марка“ и „Ас“ наведуваат сума од 12 милиони евра. Деулофеу минатата сезона беше на позајмен во Милан, со кого заврши на петтото место. Тој потекнува од Барселона која го задржа правото за откуп на неговиот договор, што сега го искористи.

Деулофеу засега има три настапа во А репрезентацијата, за која постигна еден гол. Кон крајот на март се истакна со гол и асистенција во пријателскиот меч во Париз, каде што Шпанија славеше со 2:0.

Минатата сезона настапуваше за Милан и во 31 натпревар постигна четири гола и имаше четири асистенции.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП