2 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОЕвропската титула во рацете на младите Германци

Европската титула во рацете на младите Германци

Младите германски фудбалери, играчи до 21 година, ја освоија шампионската титула на Европското првенство кое вечерва заврши во Полска. Во финалниот меч Германија ја победи Шпанија со 1:0 (1:0).

Германија која како најдобрата второпласирана селекција се пласира во полуфиналето, каде по изведувањето на пенали ја мина Англија, во финалето одигра тактички позрело, на Шпанија не и дозволи да ја развие својата игра и на крајот заслужено се искачи на европскиот врв, во оваа возрасна категорија.

Решавачкиот гол на натпреварот го постигна Михаел Вејзер во завршната фаза од првото полувреме. Напаѓачот на Херта, Вејзер, на спектакуларен со глава го совлада Кепа.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП