Претседателот на Унијата на европските фудбалски федерации (УЕФА), Александар Чеферин, изјави дека се разгледува идејата за воведување ограничување на висината на платата во договорите на играчите.
Чеферин изјавил дека УЕФА размислува за своевиден „селари кап“, што беше воведен пред неколку години во американската кошаркарска лига НБА, за да се намали разликата меѓу најбогатите и останатите европски фудбалски клубови.
„Сериозно ќе ја разгледаме можноста за ограничување на клупскиот буџет за платите на фудбалерите“, нагласил Чеферин.