28 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОВардар во група со Барселона, Рајн Некар, Нант…

Вардар во група со Барселона, Рајн Некар, Нант…

Европскиот шампион Вардар одбраната на титулата во Лигата на шампионите, во сезоната 2017/2018, ќе ја започне во А групата, која според имињата на останатите екипи е нешто полесна од Б групата.

Вардар, кој не беше носител на ждрепката во Љубљана, ќе игра против Барселона, Рајн Некар Левен, ППД Загреб, Висла Плок, Кристијанштад и Нант.

Во тимот на Нант од наредната сезона ќе настапува капитенот на македонската репрезентација Кире Лазаров, додека дресот на Рајн Некар Левен го носи Филип Талевски, а во Барселона еден од голманите е Борко Ристовски.

Во Б групата каде нисител е Веспрем се уште Кјелце, ПСЖ, Алборг, Мешков Брест, Цеље, Фленсбург и Кил.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП