7 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОЛЕ: Дебакл на Пелистер во Полска, Шкендија и Работнички блиску до второто...

ЛЕ: Дебакл на Пелистер во Полска, Шкендија и Работнички блиску до второто коло

Македонските преставници Шкендија, Работнички и Пелистер, во четвртокот, го започнаа својот настап во квалификациите за Лига Европа.

По првите натпревари Шкендија и Работнички веќе можат да размислуваат за противниците во втората рунда, додека Пелистер по убедливиот пораз во Познањ тешко дека може да се надева во чудо.

Шкендија, во Струмица, го пречека молдавскиот вицепрвак Дачија и победата ја најави уште во раната фаза на натпреварот. Најпрвин Ибраими погоди од пенал во седмата минута, а четири минути подоцна Радески ја зголеми предноста. Истиот играч со својот втор гол во 79.минута стави точка на натпреварот.

Работнички гостуваше во Сан Марио кај тимот на Тре Пене и отпорот на аутсајдерот го скрши во последната минута од мечот кога единствениот гол го постигна Митрев.

Полскиот Лех Познањ го пречека Пелистер и славеше со убедливи 4:0. Домаќинот во интервал од 28. до 38.минута постигна три гола, преку Нилесен од пенал, Ситум и Мајевски, а во 57.минута Ситум со својот втор гол го постави конечниот резултат.

Реванш натпреварите на програмата се за една недела.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП