9 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОЈувентус за Бернардеши и понуди на Фиорентина 35 милиони евра

Јувентус за Бернардеши и понуди на Фиорентина 35 милиони евра

Италијанскиот фудбалски шампион Јувентус и понуди на Фиорентина 35 милиони евра за 23 годишниот крилен напаѓач Федерико Бернардеши.

Ова е втора понуда на „Старата дама“ откако „Виолетовите“ ја одбија првата понуда од 30 милиони евра.

Се претпоставува дека Фиорентина и овој пат ќе ја одбие понудата на Јувентус бидејќи не сака да го пушти младиот напаѓач за помалку од 40 милиони евра.

Бернардеши оваа сезона постигна 13 голови, а за неговите услуги е заинтересиран и Манчестер Јунајтед.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП