ИНТЕРЕСНО

Новиот гостински дрес на Барселона

Барселона го објави дресот со кој во следната сезона ќе настапува на гостински терен. Дресот официјално ќе почне да се продава во фаншоповите од 1 јули.

Каталонскиот џин откри дека дресот е направен од аеросфив технологија која овозможува најдобри перформанси. Дресот е во сина боја, а на него има детали инспирирани од клупската историја.

Забележливо е каталонското знаме, на внатрешната страна на дресот натписот „Форца“, а од левата страна натписот Барса.

Гаќичките и чорапите се со иста боја. Покрај тоа, на дресот има и нов спонзор.