10 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОБолт со нова победа, но резултатот далеку од импресивен

Болт со нова победа, но резултатот далеку од импресивен

Најбрзиот човек на сите времиња, Јамајканецот Усаин Болт победи во трката на 100 метри на Меѓународниот атлетски митинг во Острава, но неговиот резултат од 10.06 секунди не импресионираше.

За 30 годишниот Болт, кој најави дека на Светското првенство во Лондон на почетокот на август ќе ја заврши својата кариера, ова беше втора трка во сезоната, а до победата дојде со три стотинки подоброто време од второпласираниот, Кубанецот Јуниер Перез..

Единствената досегашна трка Болт ја имаше во Кингстон, каде што пред 18 дена истрча 10.03 секунди, а тоа во моментот го сместува на 22 место на светските скали на стометраши оваа година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП