17 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОКарсдорп се сели во Рома

Карсдорп се сели во Рома

Италијанскиот фудбалски прволигаш Рома ги засили редовите ангажирајќи го досегашниот одбранбен играч на Фејнорд Рик Карсдорп(22) за 15 милиони евра отштета.

„Преминувањето во Рома е чекор напред во мојата кариера и не сакав да ја пропуштам ова шанса“, рече 22 годишниот холандски репрезентативец.

На неговото доведување инсистираше новиот тренер Еузебио Ди Франческо.

„Доведовме одличен одбранбен фудбалер кого го бара редица клубови. Иако има 22 години, веќе сега импонира неговиот квалитет и смиреност“, рече спортскиот директор на Рома, Мончи.

Младиот Холанѓанец на Олимпико доаѓа на местото на Гркот Костас Манолас, кој кариерата ќе ја продолжи во Зенит од Санкт Петербург.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП