5 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОДани Алвеш си замина од Јувентус

Дани Алвеш си замина од Јувентус

Бразилецот Дани Алвеш се прости со Јувентус и неговите навивачи истакнувајќи дека „не игра фудбал поради парите“.

Алвес минатата сезона пристигна во Јувентус од Барселона, но реши да го напушти клубот. Негова следна дестинација најверојатно ќе биде Манчестер Сити.

Бразилецот на својот Инстаграм профил им се извинил на навивачите доколку ги навредил на било каков начин, а особено му се заблагодарил на спортскиот директор Бепе Марота кого го нарекол „вистински професионалец“.

Дани Алвеш европската кариера ја започна во Севилја, а потоа пред да се пресели во Јувентус, девет години играше во Барселона.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП