6 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОПоради семејно насилство, Коман заврши во притвор

Поради семејно насилство, Коман заврши во притвор

Фудбалерот на минхенски Баерн, Кингсли Коман завршил в затвор поради семејно насилство, пренесоа француските медиуми.

Германската полиција го уапсила Коман бидејќи ја нападнал поранешната девојка. Таа била хоспитализирана и според извештаите неколку дена ќе остане во болница.

Германските медиуми наведуваат дека таа поради повредите со кои се здобила осум дена не можела да се појави на работното место.

Коман, поради овој случај, во септември ќе се појави пред судот.

Францускиот фудбалер во Баерн пристигна од Јувентус, а претходно бил дел и од ПСЖ.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП