20 јуни, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИHonor 9 сега e достапен и во Европа (видео)

Honor 9 сега e достапен и во Европа (видео)

Пред неколку недели e претставен во Кина, а сега новиот смартфон на компанијата „Honor“ е достапен и во Европа. Куќиштето на телефонот е направено од алуминиум и стаклo, а целиот телефон е тежок 155 грама.

„Honor 9“ има 5,15-инчен екран со резолуција од 1080×1920 пиксели, 4 или 6 GB RAM, 64 GB интерна меморија која може да се прошири со помош на „microSD“ картичка до 256 GB. Се тоа работи со помош на батеријата од 3.200 mAh.

Смартфонот користи „Kirin 960“ процесор со осум јадра (4×2.4GHz Cortex-A73 + 4×1.8GHz Cortex-A53). Има две задни камери, од 20 и 12 мегапиксели, додека напред се наоѓа селфи камера од 8 мегапиксели.

Уредот го користи оперативниот систем „Android 7.0 Nougat“.

Батеријата се полни со помош на „USB Type-C“ порта, а телефонот има и сензор за отпечаток на прстот на предната страна.

Компанијата „Honor“, чиј сопственик е „Huawei“, покрај својот премиум модел ги претстави и „Honor Sport Bluetooth“ слушалките и водоотпорната „Honor Band 3“ нараквица, која е достапна во портокалова, сина и црна боја.

Oсновниот модел на некои европски пазар ќе може да се купи по цена од 449,99 eвра, додека моделот со подобри карактеристики, чија цена се уште не е позната, ќе биде достапен само во Франција и Италија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП