Грчкиот репрезентативец Јанис Адетокумбо го доби признанието за играч кој најмногу напредувал во една сезона. Адетокумбо е само петтиот играч во историјата кој својот тим го предводеше во пет статистички категории (поени, скокови, асистенции, блокади и украдени топки).
Адетокумбо сезонава настапи и на „Ол Стар“ натпреварот. Тој е првиот играч на Милвоки Бакс, по Мајкл Ред во 2004 година, кој се појавил на натпреварот на сите ѕвезди во НБА. На мечот во Њу Орлеанс тој настапи во стартната постава на Источната конференција и постигна 30 поени.
Грчкиот играч сезонава имаше просечни 22,9 поени, 8,8 скокови, 5,4 асистенции, 1,9 блокади и 1,6 украдени топки по натпревар.
Во изборот за играч кој најмногу напредувал Адетокумбо заврши пред Никола Јокиќ од Денвер и Руди Гобер од Јута.