28 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОПо 19 години Николиќ се враќа во КК Паризан

По 19 години Николиќ се враќа во КК Паризан

Искусниот српски тренер Мирослав Николиќ наредната сезона од клупата ќе ги предводи кошаркарите на Партизан, објави Б92 повикувајќи се на свои извори.

Николиќ на клупата на Паризан се враќа по 19 години, а доаѓа по одличната сезона која ја имаше во КК Динамик.

Партизан пред неколку недели остана без Александар Џикиќ, кој во меѓувреме беше промовиран во нов тренер на Будуќност од Подгорица, а во исто време клубот го наушти и претседателот Никола Пековиќ.

Николиќ во моментов е и прв асистент во српската кошаркарска репрезентација. Во кариерата како тренер работел во Раднички, Будуќност, Црвена звезда, Војводина, Аполон, Хемофарм и Автодорожник.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП