20 јуни, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОМатиќ се поблиску до трансфер на „Олд Трафорд“

Матиќ се поблиску до трансфер на „Олд Трафорд“

Српскиот репрезентативец Немања Матиќ, како што пренесуваат англиските медиуми е блиску до трансфер во Манчестер Јунајтед, каде повторно ќе соработува со својот поранешен тренер од Челзи, Жозе Мурињо.

Матиќ не се наоѓа во плановите кои ги има за наредната сезона менаџеорт на Челзи, Антонио Конте , поради што извесен е трансферот на „Олд Трафорд“. Мурињо и минатата сезона инсистираше на неговото доаѓање, но тогаш Челзи се премисли, Србинот остана на „Стенфорд Бриџ“ и даде голем придонес во освојувањето на Премиер лигата.

Сега Конте има поинакви планови, според шекулациите тој веќе го договорил трансферот на Бакајоко од Монако.

Според англиските медиуми Јунајтед за Матиќ ќе плати околу 45 милиони евра, а Конте тие пари ќе ги инвестира во купувањето на Бакајоко.

Матиќ во Јунајтед неделно би заработувал 155.000 евра, или околу 9 милиони евра годишно.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП