4 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОЃорчевска против Круниќ во квалификациите на Вимблдон

Ѓорчевска против Круниќ во квалификациите на Вимблдон

Најдобрата македонска тенисерка Лина Ѓорчевска (180 на ВТА), утре ќе настапи во првото квалификациско коло, на најпрестижниот турнир во светот на тенисот, Вимблдон.

Ѓорчевска, не може да биде задоволна од жрепката, бидејќи во првото коло за противничка ја доби Србинката Александра Круниќ (99 на ВТА), која во квалификациите е поставена за прва носителка.

Круниќ има позитивно искуство од настапите на Вимблдон, а во 2015 година успеа да стигне до третото коло на главниот турнир.

За Ѓорчевска ова ќе биде уште еден анстап ан турнирите од Грен слем серијата, откако лани настапи во квалификациите за УС Опен, а годинава играше квалификации на Аустралијан Опен и Ролан Гарос.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП