16 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОВардар нема да биде носител на ждрепката за ЛШ

Вардар нема да биде носител на ждрепката за ЛШ

Ракометарите на Вардар се европски шампиони, но нема да бидат носители на ждрепката за фазата по групи за сезоната 2017/2018. Вардар ќе се натпреварува во елитната конкуренција, односно во Групите А и Б, каде и оваа сезона ќе играат 16 екипи.

Статус на носител доби вториот македонски преставник, Металург. Тимот од Автокомада, ќе биде носител на жрепката во според квалитет послабиот дел од Лигата на шампионите, односно Групите Ц и Д, каде ќе се натпреваруваат 12 екипи.

Групи А и Б, состав на „шеширите“:

1. Барселона, Веспрем
2. Вардар, Кјелце
3. ПСЖ, Рајн Некар Левен
4. ППД Загреб, Алборг
5. Висла Плок, Мешков Брест
6. Цеље, ПИК Сегед
7. Фленсбург, Кристијанштад
8. Кил, Нант

Групи Ц и Д, состав на „шеширите“:

1. Адемар Леон, Металург
2. Скјерн, Мотор Запорожје
3. Горење Велење, Монпелје
4. Шафхаузен, Бешикташ
5. Чеховски Медведи, Динамо Букурешт
6. Елверум, квалификант (Спортинг, Татран Прешов, Кокс, Алпла Хард)

Извлекувањето на групите ќе се одржи на 30.јуни во Љубљана. Првото коло во Лигата на шампионите ќе се игра од 13. до 17.септември.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП