28 јуни, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОРоналдо се поблиску до соборување на нов рекорд

Роналдо се поблиску до соборување на нов рекорд

Португалскиот репрезентативец со 75 голови за националниот дрес има шанси да го сруши рекордот на унгарската легенда Ференц Пушкаш на листата на најдобри стрелци во европските репрезентации.

Кристијано Роналдо со голот во мрежата на Нов Зеланд на Купот на конфедерациите се изедначи со друга унгарска фудбалска легенда, Шандор Кочиш, и сега е на – 9 голови од рекордерот Пушкаш.

Пушкаш, исто како Роналдо, своевремено го носел клупскиот дрес на Реал Мадрид. Во периодот од 1945 до 1956 постигнал 84 голови за репрезентацијата на Унгарија.

Само во текот на овој месец Роналдо на 4 натпревари за Португалија во квалификациите за Светското првенство и на Купот на конфедерациите постигна 4 голови.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП