3 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОПолуфинале за Германија и Чиле на Купот на конфедерации

Полуфинале за Германија и Чиле на Купот на конфедерации

Германија и Чиле од Б групата се пласираа во полуфиналето на Купот на Конфедерации чии домаќин е Русија.

Последното, трето коло го донесе расплетот во Б групата на Купот на Конфедерации. Германија со сигурна победа над Камерун го обезбеди првото место, а Чиле ремизираше против Австралија.

Германците слвеа со 3:1 во дуелот со Камерун. Демирбај во 48.минута го постигна првиот гол, а откако во 64.минута Камерун остана со играч помалку, Вернер зголеми на 2:0. Камерунците намалија преку Абубакар, а потоа Вернер со својот втор гол го постави конечниот резултат.

Австралија против Чиле бркаше победа со два гола разлика и по првиот дел водеше со голот на Троизи. Сепак Чиле успеа да израмни во вториот дел преку Мартин Родригез.

Првото полуфинале на програмата е во среда, а ќе играат Португалија и Чиле, додека ден подцна во второто полуфинале Германија ќе се сретне со Мексико.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП