7 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОДве трети места за Иџе во Португалија

Две трети места за Иџе во Португалија

Најдобриот македонски автомобилист, Игор Стефановски Иџе, на трката во Вила Реал, Португалија, во рамките на европскиот шампионат на кружни патеки (ЕТЦЦ), освои две трети места.

Стефановски, првата трка ја заврши на четвртата позиција, а втората на третото место. Третото место, во првата трка, македонскиот автомобилист го загуби во претпоследниот круг, кога во борба за позиција, имаше контакт помеѓу Иџе и Хозе Родригез. Сепак по завршување на втората трка судиите одлучија на Родригез да му дадат казна од 30 секунди, па така Стефановски се најде на третото место.

Втората трка пак беше прекината по извозени шест од предвидените 13 круга, бидејќи во еден инцидент беше оштетена заштитната ограда. Бидејќи втората трка заврши пред време возачите ќе добијат само половина од предвидените бодови.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП