20 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОКошаркарките на Шпанија нови европски шампионки

Кошаркарките на Шпанија нови европски шампионки

Кошаркарките на Шпанија се нови европски шампионки. Тие во финалето на ја совладаа Франција со 71:55. Шпанките ја освоија третата европска титула во историјата, откако претходно беа најдобри во 1993 и 2013 година.

Шпанските кошаркарки заслужено ја освоија европската титула, бидејќи Французинките им парираа само во првата четвртина.

Токму во финишот на првиот период започна шпанската серија 14:2, за прва воцифрена предност на натпреварот 32:20.

Франција во вториот период одржуваше негатива од седум до девет поени, а клучниот чекор кон освојување на титулата Шпанија го направи во третиот период, кога за седум минути им дозволи на противничките да постигнат само два поени.

Литл со 19 поени и 9 скокови и Торенс со 18 кошеви ја предводеа Шпанија до европската титула.

Третото место и бронзениот медал им припадна на кошаркарките од Белгија, кои во „малото финале“ ја декласираа Грција со 78:45.

Наредното Европско првенство за кошаркарки ќе се одржи за две години во Летонија и Србија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП