4 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОИ Мурињо меѓу обвинетите за даночно затајување

И Мурињо меѓу обвинетите за даночно затајување

Менаџерот на фудбалскиот тим Манчестер Јунајтед, Жозе Мурињо, е обвинет за даночна измама од страна на шпанските обвинители, кои го испитуваат неговото време како главен тренер на Реал Мадрид.

Мурињо се товари дека избегнал плаќање на 3,3 милиони евра за данок меѓу 2011 и 2012 година. Тој допрва треба да даде коментар на барањето.

Според обвинителите, Мурињо не го пријавил приходот од користењето на неговите права како менаџер за да добие „нелегална корист”.

Неодамна беа обвинети и други големи имиња во фудбалот за даночни измами во Шпанија. Во нив е вклучена и ѕвездата на Реал Мадрид, Кристијано Роналдо, кој беше повикан да сведочи на 31 јули во случајот во кој тој е обвинет дека ги крие приходите од даночните власти. Роналдо ги негира тие обвинувања.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП