6 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОФормула 1 се враќа во Германија и Франција

Формула 1 се враќа во Германија и Франција

Светската автомобилистичка федерација (ФИА) го објави нацрт календарот за наредната сезона во Формула 1. ФИА планира во 2018 година да се вози 21 трка. Во календарот се враќаат трките во Франција и Германија, додека неизвесно е одржувањето на трките во Кина и Сингапур.

Сезоната 2018 традиционално ќе почне во Австралија, трката во Мелбурн ќе се вози на 25 март, а ќе заврши на 25 ноември во Абу Даби.

На нацерт календарот се наоѓаат и трките во Кина и Сингапур, иако сè уште не е потврдено дека тие ќе се возат. ФИА во календарот ги врати трките за големите награди на Франција и Германија.

ГН на Франција во Ф1 се враќа по една деценија, но наредната година таа наместо во „Мањи кур“, ќе се вози на патеката „Пол Рикар“ во Прованса. ГН на Германија се враќа на патеката „Хокенхајм“, кој го замени домаќинството со „Нинбургринг“.

Наредната сезона првпат ќе се возат три трки во три недели (Франција 24 јуни, Австрија 1 јули, Велика Британија 8 јули).

Големата награда на Азербејџан, која на програмата е наредниот викенд, следната година ќе се вози на 29 април, додека ГН на Русија во 2018 година на програмата ќе биде на 30 септември.

Нацрт календар за 2018:

25 март Австралија (Алберт парк)
8 април Кина (Шангај)*
15 април Бахреин (Сакир)
29 април Азербејџан (Баку)
13 мај Шпанија (Каталуња)
27 мај Монако (Монте Карло)
10 јуни (Канада (Жил Вилнев)
24 јуни Франција (Пол Рикар)
1 јули Австрија (Ред Бул ринг)
8 јули Велика Британија (Силверстон)
22 јули Германија (Хокенхајм)
29 јули Унгарија (Хунгароринг)
26 август Белгија (Спа Франкошамп)
2 септември Италија (Монца)
16 септември Сингапур (Марина беј )*
30 септември Русија (Сочи)
7 октомври Јапонија (Сузука)
21 октомври САД (Остин)
28.октомври Мемсико (максико сити)
11.ноември Бразил (Интерлагос)
25.ноември Абу Даби (Јас марина)

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП