4 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОДурент ќе остане во Голден Стејт

Дурент ќе остане во Голден Стејт

Ѕвездата на Голден Стејт, Кевин Дурент од 1 јули ќе се стане слободен агент, но според ЕСПН, тој нема да го напушти клубот.

Најдобриот играч на финалната серија, по десет години во лигата, ќе ја искористи можноста да стане слободен играч, што значи дека ќе заработи четири милиони долари помалку од она што го доби оваа сезона.

Дурент се решил на ваков чекор за клубот да може да го продолжи договорот со Андре Игудала.

Според истиот извор, Дурент ќе договори соработка со Голден Стејт на една плус една година.

Неговата одлука да остане во клубот, според познавачите, ќе ги натера и другите ѕвезди (Кари, Томпсон, Грин) да останат во шампионскиот тим.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП