4 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОВил Клејбурн кариерата ќе ја продолжи во ЦСКА Москва

Вил Клејбурн кариерата ќе ја продолжи во ЦСКА Москва

Досегашниот кошаркар на Дарушафака, Вил Клејбурн, кариерата ќе ја продолжи во ЦСКА Москва, објави Евролигата на својата официјална интернет страница.

Клејбурн (27) со ЦСКА договорил двегодишна соработка.

Американецот минатата сезона беше еден од најдобрите играчи на својата позиција, во Евролигата, со просек од 13 поени и пет скокови по натпревар.

Во Европа, покрај за Дарушафака, има играно за Улм и Хапоел Холон.

Пред доаѓањето на Клејбурн ЦСКА ги продолжи договорите со Андреј Воронцевич и Кајл Хајнс, а се очекува истото да го направи и со Милош Теодосиќ. Според шпекулациите, набргу нов играч на ЦСКА ќе стане и францускиот бек Лео Вестерман.

Во меѓувреме, редовите на рускиот шампион ги напуштија Арон Џексон и Џоел Фриленд.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП