4 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОПобеда на Германија над Австралија на Купот на Конфедерации

Победа на Германија над Австралија на Купот на Конфедерации

Фудбалската репрезентација на Германија со победа го започна учеството на Купот на Конфедерации. Во рамките на Б групата Германија ја победи Австралија 3:2 (2:1).

Актуелниот светски првак, со подмладен состав настапува на Купот на Конфедерации и во првиот меч, иако имаше превласт на теренот мораше да вложи максимален напор за да стигне до победата.

По само пет минути игра Штиндл ја круниса акцијата на Руди со гол. Потоа Германија имаше две добри шанси, кои не ги искористи, па казната стигна преку Рогиќ кој со помош на голманот Лено израмни во 41.минута на 1:1.

Но веќе во наредниот напад Горецка избори пенал кој Дракслер го претвори во гол за нова предност на светскиот првак.

По три минути игра во второто полувреме Горецка ја зголеми предноста на Германија на 3:1, а конечниот резултат го постави Јуриќ, одново со помош на голманот Лено.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП