9 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОМладата македонска репрезентација денес ќе се соочи со Србија

Младата македонска репрезентација денес ќе се соочи со Србија

Младата македонска репрезентација вечерва ќе го одигра вториот натпревар на ЕП во Полска. Во рамките на Б групата Македонија од 18 часот ќе игра против Србија.

Дуелот на стадионот во Бидгошч е клучен за македонската репрезентација доколку сака да ги задржи шансите за пласман во полуфиналето. Истото важи и за Србија, бидејќи во првото коло овие две селекции беа поразени, Македонија од Шпанија (0:5), а Србија од Португалија (0:2).

„Ние сме концентрирани единствено на нашата игра, а не на онаа на противникот, иако многу добро знаеме дека имаат одлични поединци кои играат во Англија, Германија, Италија. По поразот од Шпанците им кажав на фудбалерите и натаму силно да веруваат во своите квалитети, да ги држат главите гордо високо. Ќе продолжиме да го негуваме и натаму тимскиот дух во репрезентацијата, слично како што беше и на првиот натпревар со Шпанија, иако високиот пораз носи горчлив вкус. Ќе играме офанзивно секако, затоа што поинаку не знаеме и не сакаме да играме. Ако можевме против Шпанија да имаме 24 успешни напади, сигурно можеме и против Србија“, изјавил селекторот Благоја Милевски.

Максимално подготвени за надигрување ќе бидат и српските фудбалери, чии селектор Ненад Лалатовиќ на прес конференцијата упатил комплименти за играта на Македонија.

„Станува збор за добра репрезентација, која првиот меч го загуби убедливо иако имаше идентичен посед на топка со Шпанија. Македонија упати голем број на удари кон противничкиот гол, а примија голови со „ножички“, од огромна далечина и од пенал. Имаа на 0:0 чиста шанса, па уште една на 0:1. Немаа среќа во реализацијата. Не се случајно тука на ЕП.“, рекол српскиот селектор.

Дуелот во Бидгошч ќе го води судиски тим од Шкотска на чело со Боби Маден.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП