13 јуни, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОКартите на „Hawthorns“ дојдоа до 5000 фунти, причината за тоа е Ферги!

Картите на „Hawthorns“ дојдоа до 5000 фунти, причината за тоа е Ферги!

hawthorns-copy-3564870

Според англиските медиуми билетите за натпреварот од последното коло на Премиер-лигата на Манчестер Јунајтед достигнаа цена од 3.000 фунти.

Причина за тоа е што тој меч ќе биде последениот на Алекс Фергусон на клупата на Јунајтед по што тој заминува во пензија. Парадоксот да биде поголем, „ѓаволите“ на тој меч не играат на домашен терен, туку му гостуваат на ВБА во Бирмингем при што една недела претходно ќе го подигнат шампионскиот пехар.

Преку овластените продавачи на интернет, билетите за тој меч можат да се купат за цена од 170 до 2.500 фунти без данок за додадена вредност. Додека на „црно“ билетите би можеле да достигнат фантастична сума од 5.000 фунти. Интересно е тоа што дел од сопствениците на сезонски билети, своите влезници за тој меч ги продале на овластената компанија за да заработат многу пари за нив.

„Сопствениците на сезонски билети одлучуваат за колку ќе ја продадат својата влезница. Ние од нив бараме да бидат разумни во проценката“, изјави портпаролот на ВБА.

Може само да се претпостави колку ќе достигне сумата на билетите за натреварот на Манчестер Јунајтед против Свонси на 12 мај на Олд Трафорд, меч кој ќе биде последен за Ферги на домашен терен и на кој фудбалерите ќе го подигнат шампионскиот пехар.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП