23 јуни, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОСтоилов: Горд сум на момците, а Раул покажа дека е мајстор

Стоилов: Горд сум на момците, а Раул покажа дека е мајстор

Стојанче Стоилов на почетокот на месецов ја освои Лигата на шампионите со Вардар, а синоќа го прослави новиот пласман на едно големо натпреварување со репрезентацијата на Македонија.

Првиот Македонец, кој како капитен го кренал трофејот наменет за освојувачот на Лигата на шампионите, како и целиот тим одигра брилијантен натпревар со Чешка. Македонија ги совлада Чесите со 33:20 и го обезбеди првото место во Групата 4.

Ова е првпат ракометарите еден квалификациски циклус да завршат како лидери во групата.

„Добро е што покажавме карактер бидејќи и пред натпреварот знаевме дека ќе одиме на Европското првенство. Се гордеам со овие момци, а Раул покажа дека е мајстор. Се надевам дека ќе играме добро на првенството“, изјави Стоилов.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП