2 јули, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОРоналдо: Поради тоа што ме третираат како криминалец си заминувам!

Роналдо: Поради тоа што ме третираат како криминалец си заминувам!

Фудбалерот на Реал, Кристијано Роналдо, наводно донел цврста одлука да го напушти Мадрид во летниот преоден рок.

Португалецот започнал да размислува за заминување поради обвинението кое го покрена шпанскиот суд за неплатен данок од 15 милиони евра. Според најголем дел од медиумите, одлуката да го напушти Реал ја донел уште пред финалниот натпревар во Лигата на шампионите.

Британскиот „Скај Спорт“ објави дека Португалецот сериозно ја разгледувал можноста за враќање во Манчестер Јунајтед, каде целосно се афирмира како играч и каде тренер би му бил Жозе Мурињо со кого има соработувано во Реал.

Тренерот на Реал, Зинедин Зидан се обиде и со јавен повик да го убеди да остане, но неговиот одговор бил негативен.

„Во Шпанија ме третираат како да сум криминалец, поради тоа заминувам“, наводно му рекол Роналдо на Зидан, пренесува „Тиемпо де жуего“.

Кристијано Роналдо осум години го носи дресот на Реал, во тој период освои 11 трофеи, од кои два се во првенството и три во Лигата на шампионите.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП