2 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОИталија ја победи Данска, голот на Донарума затрупан со лажни долари

Италија ја победи Данска, голот на Донарума затрупан со лажни долари

Италија ја победи Данска во вториот натпревар од првото коло, во Ц групата на Европското превенство за играчи до 21 година.

Дуелот кој се одигра на стадионот во Краков го обележа скандалот кој навивачите на Милан му го приредија на голманот Донарума.

Младиот голман пред неколку дена одби да потпишен нов договор со Милан, поради што го навлече гневот на навивачите на овој клуб.

Тие на натпреварот Италија- Данска, најпрвин истакнаа транспарент „Доларума“, а потоа зад голот на кој стоеше Донарума фрлија голема сума на лажни долари.

Кога станува збор за натпреварот, Италија долго го кршеше отпорот на Данците. Првиот гол го постигна Пелегрини во 54.минута, а конечните 2-0 ги постави Петања во финишот на натпреварот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП