4 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОМитков го одигра последниот натпревар во дресот со државниот грб

Митков го одигра последниот натпревар во дресот со државниот грб

Влатко Митков, еден од најискусните репрезентативци на Македонија го одигра својот последен натпревар во дресот со државниот грб.

Митков (36), постигна еден гол во убедливата победа на Македонија над Чешка 33:20, со која македонските репрезентативци се пласираа на ЕП во Хрватска.

Пред почетокот на натпреварот претседателот на Ракометната федерација, Живко Мукаетов му врачи врамен дрес, а капитенот Лазаров му врачи подарок во името на репрезентативците.

„Оваа победа за мене е најдобриот подарок, се пласиравме на ЕП. На момците им посакувам се најдобро. Се надевам дека ќе остварат добар резултат“, изјави Митков по завршувањето на натпреварот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП