Одбојкарската репрезентација на Македонија со убедлива победа ги започна натпреварите во Европската лига.
Македонија која е домаќин на турнирот во првото коло со максимални 3-0 ја совлада селекцијата на Азербејџан, по сетови 25:19, 25:19, 25:20.
Противник на македонските одбојкари во второто коло ќе бидат репрезентативците на Албанија, кои во воведната рунда славеа над Шведска со 3-2.
Дуелот Македонија-Албанија ќе се одигра денеска од 19:30 часот.