5 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОПланински маратон на Жанко ЗШ Голабоски и Мишко Танески

Планински маратон на Жанко ЗШ Голабоски и Мишко Танески

Под мотото „Движи се, да не заборавиш да одиш“, двајцата вљубеници во планините Жанко ЗШ Голабоски и Мишко Танески викендов ќе се обидат да го свртат вниманието на јавноста кон здравиот начин на живот, но и убавините на пошироката околина на Охрид.

Голабоски и Танески ќе одат пеш по Галичица по следната патека долга 50 километри: Охрид – Велестово – Черешнана – Студино – врв Бугарска чука – врв Лакоси гној, по што ќе следува спуст до превојот Галичица и искачување на врвот „Магаро“. Мишко Танески на 2.245 метри високиот врв ќе го прослави својот 46-ти роденден, а Голабоски 30 години од матурата. По кратка пауза ќе започне враќањето назад со спуст до превојот „Баба“, искачување на Лакоси гној, потоа кон Бугарска чука, Студино, Велестово и Охрид.

– Целта на акцијата е да ги раздвижиме луѓето од сите возрасти д избегаат од урбаната џунгла и да бидат дел од природата. Вакви акции и слични планинарења се планирани и во иднина за разни целни групи – логорувања, еко патроли, подршка на лица со хендикеп и сл. Во акцијата учествуваат и планинари и вљубеници на природата од „ЗШ Авантура“, многу индивидуалци, а кон акцијата ќе се приклучат и планинари од Ресен и цела Македонија кои ќе бидат дел од настанот „Tour De Galicica“, кој го организираат членовите на клубот „Prespa bike“ кои ќе ја поминат Галичица со велосипеди. За сите планинари кои сакаат да се искачат на „Магаро“, тргнувањето е во 08:00 часот од преслапот Галичица (куќа на Црвен крст), вели Голабоски.

Тој додава дека искачувањето преку фотографии и видеа ќе може да се следи и на нивните профили на Facebook: https://www.facebook.com/zanko.zsh.1 и https://www.facebook.com/taneski.misko.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП