10 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОМладата репрезентација го започнува настапот на ЕП

Младата репрезентација го започнува настапот на ЕП

Младите македонски фудбалери вечерва ќе го одиграат првиот натпревар на Европското првенство во Полска. Противник на избраниците на селекторот Благоја Милевски ќе биде селекцијата на Шпанија.

Македонија е дебитант, а до Полска стигна со брилијантниот настап во квалификацискиот циклус, оставајќи ја зад себе Франција.

„Ние сме меѓу дванаесетте најдобри селекции во Европа и имаме право да бидеме горди на тоа. На ова Европско првенство ќе се обидеме да уживаме во натпреварите. Немаме притисок, но ќе се однесуваме одговорно и посветено. Фудбалерите се добро подготвени и сугурен сум дека ќе го дадат најдоброто од себе“, им изјави на новинарите селекторот Милевски на официјалната прес конференција.

Натпреварот се игра во Гдиња со почеток во 20:45 часот. Претходно во Б групата ќе се сретнат Португалија и Србија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП