3 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОАбидал: Колку вредат Меси и Нејмар ако Мбапе вреди 130 млн евра?

Абидал: Колку вредат Меси и Нејмар ако Мбапе вреди 130 млн евра?

Дефанзивецот кој во кариерата играл во Монако, Лион и Барселона се прашува колкава е цената на најдобрите играчи на Барселона, Лео Меси и Нејмар, ако на 130 милиони евра е проценет 18-годишниот вундеркинд.

„Мбапе е одличен играч, но цената од 130 милиони евра не е реална. Мислам дека сака да остане во Монако и да ја потврди одличната сезона. Мора да донесе одлука што ќе му гарантира минутажа. Не заборавите наскоро следува Светското првенство во Русија“, рекол Абидал за радиото „Каден сер“.

Според медиумите, сериозен интерес за младиот напаѓач покажуваат Реал, ПСЖ, Барселона, Манчестер Сити и Ливерпул.

Абидал смета дека во модерниот фудбал премногу пари се трошат на нови играчи. Како пример го посочи трансферот на Пол Погба, кој минатото лето постави светски рекорд. За Погба Манчестер Јунајтед плати 105 милиони евра.

„Кога се издвојуваат суми од 105 милиони евра, како што е случајот со Погба, тогаш играчите со поголем талент вредат и 200 милиони. Едноставно тука немате реална проценка на вредноста на фудбалерот. Колкава е тогаш цената на Меси и Нејмар?“, дополнил Абидал, кој фудбалската кариера ја заврши во 2014 година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП