3 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОМилевски: Иднината на македонскиот фудбал е во овие фудбалери

Милевски: Иднината на македонскиот фудбал е во овие фудбалери

Со натпреварот од А групата помеѓу Шведска и Англија во Полска почнува Европското првенство за фудбалери до 21 година, на кое првпат во историјата ќе учествува и репрезентацијата на Македонија. Вечерва својот меч од првото коло ќе го одигра и селекцијата на домаќинот, Полска, која за противник ќе ја има Словачка.

Благоја Милевски и неговите избраници со самиот пласман меѓу 12 репрезентации кои учествуваат на ова европско првенство остварија историски успех. Младите фудбалски херои успеаја во групата да ги елиминираат фаворизираната Франција и подоброрангираните Украина, Исланд и Шкотска.

Треба да сме задоволни од нашите фудбалери. Работеа на високо ниво и покажаа желба и мотив. Оваа генерација е способна да се покаже во најдобро светло, против најдобрите европски репрезентации. Овој тим е во состојба да одговори на предизвикот на сите три натпревари во групата, а каков ќе биде резултатот на крајот – ќе видиме. Целта е да го дадеме најдоброто од себе, да се радуваме во играта и дуелите со големите противници, изјавил селекторот Милевски за интернет страницата на Фудбалската федерација на Македонија.

Младите македонски фудбалери првиот меч на ЕП ќе го одиграа в сабота, во Гдиња, а противник ќе им биде Шпанија. Натпреварот почнува во 20:45 часот.

„Шпанија е состав кој секако може да промени многу работи на теренот, но реков, ние се подготвуваме и ќе се концентрираме првенствено на себе и на своите задачи. На тој начин станува помалку важно во кој состав игра противникот. Имаме самодоверба и подготвени го чекаме почетокот“, рекол Милевски.

По дуелот со Шпанија, Македонија ќе игра против Србија (вторник, 20.јуни) и Португалија (петок, 23.јуни).

Македонија на ЕП во Полска ќе настапи со следниви играчи:

Алексовски, Шишковски, Илиќ, Зајков, Велковски, Муслиу, Мурати, Бејтулаи, Демири, Николов, Барди, Давид Бабунски Аврамовски, Радески, Ангелов, Ѓорѓев, Пивковски, Маркоски, Елмаз, Здравковски, Костадинов, Амамновиќ, Попзлатанов, Петковски.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП