5 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОБил Расел е прв добитник на НБА наградата за животно дело

Бил Расел е прв добитник на НБА наградата за животно дело

Најтрофејниот НБА кошаркар Бил Расел (83), кој во кариерата освоил 11 шампионски титули во дресот на Бостон Селтикс ќе стане првиот добитник на НБА наградата за животно дело, објави раководството на лигата.

Расел е првиот кошаркар во историјата кој освоил олимписко злато (Мелбурн 1956), колеџ титула (универзитет Сан Франциско 1955, 1956) и НБА титула (Бостон Селтикс 1957, 1959-1966 и 1968-69).

Покрај тоа Расел е прв Афроамериканец кој станал главен тренер во некој тим од американските професионални спортови. Во 1966 година тој бил назначен за шеф на стручниот штаб на Бостон и како тренер со тимот освои две шампионски титули (1968 и 1969).

За време на 13-годишната кариера, Расел 12 пати играч на „Ол Стар“ натпреварот, а во аналите е запишан како еден од најдобрите дефанзивци во историјата на НБА. Со 21.620 скокови, односно во просек 22,5 по натпревар тој се наоѓа на второто место на вечната листа, во оваа статистичка категорија.

Наградата кој му се доделува на најкорисниот играч во финалната серија, во плејофот (МВП) го носи името на Бил Расел.

Тој никогаш не го освоил ова признание бидејќи МВП наградата се доделува од 1969 година.

Наградата за животно дело на Расел ќе му биде врачена на свечена церемонија која ќе се одржи на 26.јуни.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП