1 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОДонарума одбил да потпише нов договор со Милан

Донарума одбил да потпише нов договор со Милан

Младиот италијански голман Џанлуиџи Донарума одбил да потпише нов договор со Милан. Преговорите помеѓу Милан и менаџерот на голманот, Мино Рајола пропаднаа во четвртокот откако двете страни не успеале да најадат „заеднички јазик“.

Донарума има 18 години, за Милан дебитираше на 16-годишна возраст и се смета за наследник на Џиџи Буфон на голот на италијанската репрезентација.

Неговите настапи во тимот на Милан го привлекоа вниманието на Реал, ПСЖ и Јувентус.

Челзниците на Милан имале намера да се заштитат од понудите на овие тимови со потпишување на нов договор, во кој би била вметната голема откупна клаузула и зголемување на платата на 4,5 милиони евра по сезона. Од друга страна Рајола инсистирал откупната клаузула да изнесува десет милиони евра доколку Милан не избори пласман во Лигата на шампионите.

Откако клубот не ги прифатил условите на Рајола, менаџерот на Донарума ги прекинал преговорите.

Прашањето кое сега се наметнува е дали Милан ќе го продаде голманот или ќе го казни со тоа што нема да му дозволи да брани наредната сезона, а потоа тој да може да замине како слободен играч.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП