22 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОДамјан Стојановски се врати во МЗТ

Дамјан Стојановски се врати во МЗТ

Македонскиот кошаркарски репрезентативец, Дамјан Стојановски повторно е член на МЗТ Скопје Аеродром, откако вечерва ги заврши сите формалности околу потпишувањето на новиот едногодишен договор со шесткратниот првак.

Ова всушност е и продолжување на неговиот престој во сино-белиот табор по едногодишната пауза, која 29-годишниот бек беше приморан да ја направи по повредата на лигаментите на десното колено за време на репрезентативните настапи во ланските квалификации за ЕП 2017.

Претходно, уште од 2012 година, Стојановски беше член на „металците“ со кои дојде до четири шампионски титули (2013-2016) како и пет пехари во Купот на Македонија.

Стојановски е четвртиот играч кој има договор со МЗТ за наредната сезона. Од тимот кој ја одбрани титула под договор останаа тројца играчи, македонските репрезентативци Марко Симоновски и Адем Мекиќ и Американецот Ксавиер Тејмс.

Инаку, МЗТ во четвртокот го именуваше Александар Тодоров за нов шеф на стручниот штаб.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП