4 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОМакедонија ремизираше со Украина

Македонија ремизираше со Украина

Македонската ракометна репрезентација пропушти вечерва да се пласира на Европското првенство кое наредната година ќе се одржи во Хрватска. Македонија во Украина ремизираше со домаќинот 27:27.

Македонските ракометари ја испуштија можноста на коло до крајот да избори пласман на ЕП. Македонија одигра добро прво полувреме во Украина, по кое имаше предност од 18:14, но со лошата игра во вториот дел им дозволи на Украинците да изборат реми и да ја продолжат неизвесноста во групата.

Во пресрет на последното коло во Групата 4 лидер е Чешка со 6, Македонија и Украина имаат по 5, а Исланд 4 бодови.

Македонските ракометари бавно влегоа во натпреварот, што му овозможи на домаќинот да оставри два гола предност 3:1 во петтата минута.

Сепак поставата на Раул Гонзалес со Кире Лазаров и Митков на десната страна во одбраната и нападот даде резултат и со серија од три гола Македонија го имаше првото водство на мечот 3:4.

Следуваше период на играта во кој двете селекции наизменично постигнуваа голови, а Украина во последните десет минути од првиот дел влезе со предност 12:10.

До крајот на полувремето следуваше период на најдобриот период во игра на Македонија, со серијата шест гола предноста на изнесуваше четири гола 12:16, а на полувреме беше 14:18.

Моментумот од финишот на првиот дел играчите на Раул Гонзалес го задржаа и во вториот дел, но само во почетните пет минути, кога ја достигнаа најголемата предност од пет гола 16:21.

Украина одговори со четири гола во низа мза 20:21 во 38 минута, кој Македонија го одби со три гола за 21:24, но тешко ја одржуваше предноста поради лошата игра во двата правци и голманот Чуприна, кој во второто полувреме имаше десет интервенции.

Понуденита шанса Украинците максимално ја искористија и со голот на Денисов во последната минута израмнија на 27:27.

Последниот напад го имаше Македонија, во ситуација со играч повеќе акцијата беше за Манасков но неговиот удар го одбрани украинскиот голман.

Кире Лазров со осум голови ја предводеше Македонија, пет реализираше Талески, а по четири постигнаа Стоилов, Манасков и Миркуловски.

Украина голгетерски ја предводеше Садови со шест гола, но играч на натпреварот беше голманот Чуприна со 12 интервенции.

Во последното коло в недела Украина ќе му гостува на Исланд, а Македонија ќе ја пречека Чешка.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП