7 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОУЕФА го објави идеалниот тим на шампионатите У 21

УЕФА го објави идеалниот тим на шампионатите У 21

Ден пред почетокот на Европското првенство за играчи до 21 година Европската фудбалска унија (УЕФА) потсети на идеалниот тим на сите досегашни шампионати во оваа старосна категорија. Во идеалните 11 има најмногу Италијанци.

Идеалниот тим на ЕП за играчи до 21 година делува импресивно во формација 4-4-2, со Нојер (Германија) на голот, во одбраната Ивановиќ (Србија), Неста (Италија), Хумелс (Германија), Кјелини (Италија), средниот ред во кој се Пирло (Италија), Лампард (Англија), Езил (Германија), Чави (Шпанија) и Тоти (Италија) и Раул (Шпанија) во нападот.

Овогодишното ЕП се одржува во Полска и почнува утре, а како дебитант ќе се појави и репрезентацијата на Македонија.

Македонските надежи настапот ќе го почнат в сабота, против Шпанија (20:45 часот), а во оваа Б група уште се и селекциите на Португалија и Србија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП